Government Administration - Skopje, Skopje, Macedonia (FYROM)
LEANHUB.mk e платформа од едукативен карактер создадена за вмрежување на сегашните и идните професионалци кои сакаат да ги развијат своите познавања во доменот на подобрување на бизнис процесите со примена на LEAN ПРИНЦИПИТЕ.LEANHUB.mk претставува единствена платформа во Македонија каде што преовладува креативна содржина со цел поттикнување на неформално учење, споделување искуства и најдобри практики во полето на LEAN. Вештините за решавање проблеми и континуирано подобрување на процесите стануваат неопходни на пазарот и примарна цел на модерните професионалци. Токму филозофијата и основните принципи на LEAN овозможуваат соодветна подлога кон исполнување на таа цел. Дел од мисијата на LEANHUB.mk е преку креативна содржина да поттикне иницијатива за надградба на овие вештини и ширење на основите на континуирано подобрување кои се интегрирани во се она што претставува LEAN.Во LEANHUB.mk веруваме во луѓето кои се спремни да направат промена во својата лична и професионална околина и да направат разлика во нивното лично и професионално дејствување и активности.Ве охрабруваме за интеракција и креирање на контакти од истомисленици и lean ентузијасти.