Internet - Skopje, Greater Skopje, North Macedonia
Маген е стартап компанија основана во 2019та година од страна на успешен претприемач од Израел. Првата замисла за компанијата беше да функционира како платформа за поддршка на лансирањето на нашиот софтвер за cyber security со сопствен контакт центар за грижа за корисници на Американскиот пазар, а подоцна и на глобално ниво.Низ сите предизвици кои произлегоа од економската ситуација во 2020та, оваа идеја еволуираше. Набргу согледавме дека имаме повеќе од доволно можности и искуство да нудиме курсеви и тренинзи наменети за идниот менаџмент и идните агенти за продажба во Македонија. Така ја создадовме MAGEN Академијата.Денес, MAGEN е првата специјализирана академија за менаџмент и продажни вештини, која овозможува стручна подготовка на продажните кадри во Македонија како држава-седиште на голем број телемаркетинг центри. Нудиме детално структурирани курсеви за продажба и викенд работилници за менаџмент. Исто така, нудиме и тренинзи за личен развој за оние клиенти кои сметаат дека постои можност за подобрување.
Google AdSense
Google Cloud Hosting
Mobile Friendly