Broadcast Media - , ,
Street FM 107.4 е идеја преточена во реалност, идеја за локално комерцијално радио кое ќе ги предизвикува веќе поставените методи на работење и ќе воведе нова концептуална радио програма која не се плаши да експериментира и да внесе иновација во емитувањето. Оригиналниот пристап во работењето на Street FM 107.4 и отвореноста за иновација и експериментирање се должи на тимот составен од прогресивни и искусни водители, како и технички и програмски реализатори кои поседуваат вистинска страст за музиката и културата што ја промовираат. Страста во комбинација со огромната желба за да се промени статус квото во македонскиот медиумски простор му даваат автентичен и препознатлив глас на Street FM 107.4, глас на новата урбана и дигитална генерација.