Compliance Officer at Makedonsko kreditno biro AD Skopje / Македонско кредитно биро АД Скопје - Skopje, Greater Skopje, North Macedonia
Македонско кредитно биро (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Македонија основано на 24.12.2008 година во Скопје како акционерско друштво од страна на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.МКБ управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските и други податоци определени со Закон за кредитно биро, неопходни за изработка на детални извештаи за финансиска стабилност на правните и физичките лица.Податоците за задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските, како и останатите податоци определени со Закон за кредитно биро се ажурираат на дневна и месечна основа.Нашите извештаи обезбедуваат брз и лесен увид во сопствениот статус на долговите и подмирувањето на истите. Извештаите за правни лица им овозможуваат на нашите корисници безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето.Наша мисија е да Ви помогнеме да одржувате финансиска стабилност со чисти сметки и да бидеме Ваш деловен партнер во донесување на сигурни деловни одлуки и раст на бизнисот во неизвесно бизнис опкружување.Чекориме успешно кон остварување на нашата визија, следејќи ги позитивните светски практики и збогатувајќи ја континуирано лепезата со нови продукти согласно потребите на пазарот.Веруваме дека МКБ ќе стане неизбежната алка и стандард во работењето на сите економски субјекти во Македонија.