Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој од 9 март 2015 година поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Елколект е непрофитна организација со примарна дејност управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.